сабота, 6 декември 2025

Бизнис конфедерацијата на Македонија генерално нема против минимална плата да биде 500 евра

Претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија (БКМ), Миле Бошков вели дека конфедерацијата генерално се согласува минимална плата да биде 500 евра, но со одредени исклучоци, особено кај самостојните вршители на дејност и микро и малите компании кои сами за себе обезбедуваат работа и плата. Од друга страна, според Бошков, на бизнисмените им е многу битен образот и конкурентноста и тие, како што нагласи, мора да се договараат со синдикатите и со Владата каква порака ќе испратат за привлекување на странски директни инвестиции и за квалитетот на животот на работниците во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Од состанокот со синдикатите се договоривме дека мораме да преговараме, мораме да развиваваме колективно преговарање на секторско ниво, затоа што минималната плата е инструмент кој гарантира стандард на работниците, меѓутоа не ја отсликува правата состојба и на потрошувачката кошничка и на животниот стандард на работниците, а уште помалку на исполнителноста на задачите на работниците. Секој во секој сектор, мора да знае неговиот работник колку работи и не може тоа да биде паушално кажано за сите“, вели Бошков.

Бошков, исто така, укажа и дека тие како организација не е можно да ги застапуваат само бизнис интересите на скопските компании.

„Ние сме за. Ние за да можеме да го подигнеме нивото, како организација на работодавачи соработуваме и со занаетчиите, тие се нашите партнери. Ние точно знаеме самостојните вршители на дејност во Гостивар, во Виница, во Тетово, во Струмица го немаат истото ниво на економски обем како во Скопје и ние како национална организација мораме тоа да го соопштиме“, изјави Бошков.

Прашан дали како конфедерација прават анализи колку од работниците се задоволни од платата и приходите што ги добиваат, Бошков вели дека постојано прават анализи, но и дека плата и пари секогаш недостасуваат, а задоволството и припадноста во една компанија за некои работници и компании е примарно.

„Правиме анализи секогаш. Некои од работниците нормално се е тоа до колтурата на комапнијата и до културата и воспитанието на работникот и начинот на кој ја оставрува работата. Ако некој е убеден дека е задоволен од својата работа и професија, тогаш работи лојално и со волја и изнаоѓа начин како да биде продуктивен и задоволен од тоа“, изјави Бошков.

Вообичаено, според Бошков, македонскиот работник добива плата помеѓу минималната и просечната плата, за кое, како што рече „нема протести и штрајкови во однос на платата во приватниот сектор“.

„Тоа се факти. Секогаш има можност да се подобрат состојбите и секојпат се преговара. Во одредени компании тоа е многу често, меѓутоа генералната слика дека може да се зголемат платите стои и точно е, меѓутоа и дека има многу незадоволни работници, исто така, стои“, изјави Бошков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ