понеделник, 26 јануари 2026

Бизнис-конфедерацијата ги поддржа блокадите на превозниците

Македонската економија и македонските граѓани не може да бидат заложници. Ги поддржуваме превозниците во протестите што ги организираат затоа што сме засегенати и како економија и како граѓани поради недостоинственото спроведување на и тоа како важната безбедносна реформа на Европската Унија, изјави денеска за МИА, Миле Бошков, претседател на Бизнис-конфедерацијата на Македонија.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Бошков истакнува дека реформата во системот за евиденција ЕУ можела да се спроведе многу полесно преку амбасадите во земјите членки.

„Можеа многу полесно да го реализираат, на пример, да има по еден апарат во секоја амбасада во земја членка на ЕУ. Граѓаните, наместо да создават редови на граница, ќе можеа регистрацијата да ја направат во амбасадите, но тоа е нивен пропуст или нивна ароганција“, вели Бошков.

Македонските превозници организирани од Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Македонија, „Макам-транс“, заедно со своите колеги од Западен Балкан денеска напладне почнаа седумдневни блокади барајќи решавање на електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ