На основачкото собрание што се одржа во албанскиот град Драч, утврдена е регионална платформа за забрзување на зелената транзиција преку општинско лидерство и прекугранична соработка, информираа од Општина Битола.
„Потпишувањето на заедничката соработка се одржа на Форум на „зелени“ градоначалници во Драч, што го организацираше на OSF–WB (Фондација Отворено Општество – Западен Балкан), а на кој учествуваа повеќе од 100 општински лидери, претставници на училишта, организации на граѓанското општество и експерти за енергетика. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на панел дискусијата посветена на градоначалниците од регионот го истакна проектот ‘Сончеви училишта’ и слични иницијативи кои покажуваат како промените можат да се случат на ниво на заедницата“, соопштија од Секторот за односи со јавност во Општина Битола.
Општина Битола според реализираните проекти и иницијативи, за енергетска ефикасност и зелени решенија е високо позиционирана меѓу градовите од Западен Балкан.






