сабота, 3 мај 2025

Битола бара поддршка од владината програма за 59 проекти

Општина Битола денес достави 59 апликативни формулари за вкупно 36 инфраструктурни проекти до Министерството за локална самоуправа, во рамки на јавниот повик за финансирање на општини од Потпрограмата АА. Како што истакна градоначалникот Тони Коњановски, апликациите се резултат на подготвена проектна документација за приоритетни проекти со вкупна вредност од над 800 милиони денари.

Објавено на

часот

Сподели

Предвидените проекти вклучуваат реконструкција на улици, замена на канализациона и водоводна мрежа, изградба на три спортски сали во основни училишта и 10 нови спортски игралишта со осветлување. Во план е и изградба на атлетски патеки и борилиште во стадионот „Петар Милошевски“.

Повикот за аплицирање трае до 30 април, по што министерствата ќе ги објават одобрените проекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ