вторник, 10 јуни 2025

Битиќи: Договорот со Велика Британија не е антиевропски

Не сметам дека договорот со Велика Британија е антиевропски, таа е земја која е доскорешна членка на ЕУ. Велика Британија ни помогна, после 27 години, да ја развиеме Националната развојна стратегија (НРС) за наредните 20 години, каде една од клучните одредби е Европската унија, рече поранешниот вицепремиер за економски прашања и пратеник од СДСМ, Фатмир Битиќи во одговор на новинарско прашање во емисијата „Само Интервју“ на ТВ Канал 5, а во врска со оценките дека договорот за задолжување од 6 милијарди евра е антиевропски.

Објавено на

часот

Сподели

Во однос на оценките за нетранспарентноста и неотчетноста на Владата, Битиќи истакна дека ги споделува тие ставови и изрази сомнеж во однос на тоа што Владата посегнува по фондови кои доаѓаат надвор од Европската Унија.
Битиќи посочи дека со денешното потпишување на договорот со Велика Британија јавниот долг, кој ќе треба да се враќа за десет или дваесет години, ќе се зголеми за 60%, нешто што, како што рече тој, го оставаме на нашите деца.
„Притоа, не сме единствена земја во светот со ваков стратешки договор од 6 милијарди евра, над 200 земји во светот имаат склучено и ги користат тие договори. Нема ништо ексклузивно во однос на нашата држава“, додаде Битиќи.

„Во овој момент, реалноста  е дека долгот кон стопанството во име на ДДВ, неплатени обврски, надминува 150 милиони евра“, рече Битиќи. Тој истакна дека наместо стопанството да се поддржи со свежи ликвидни средства, тоа се соочува три до шест месеци доцнење на повратот на ДДВ.

„Во овој момент приватниот сектор оперира многу тешко, за единаесет месеци реализираа едвај 125 милиони евра од 250 милиони евра кои Владата ги најавуваше на почетокот од мандатот за стопанство“, рече Битиќи и додаде дека имаме ситуација која потсетува на времето кога никој од стопанството не сакаше јавно да зборува, затоа што постоеше страв од репресивни мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ