„Нема никакви проблеми во снабдувањето со нафтени деривати и сè се одвива нормално. Тоа е поради фактот што Македонија е најмалку засегната од сите други земји, пред сè поради тоа што во Македонија нема рафинерија ни Лукоил ниту, пак, некоја друга рафинерија во сопственост на Руската Федерација. Оваа најнова одлука на САД сигурно ќе ја подобри ситуацијата“, рече Бислимоски во одговор на новинарко прашање на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека Лукоил Македонија во изминатиот период се однесуваше исклучително коректно и не отпушти ниту еден од своите вработени и ги презеде сите мерки за да функционира нормално.
„Според информациите што ги имам, Лукоил Македонија обезбедува нафтени деривати од трговците во државата. Поради тоа немаше прекин во снабдувањето со нафтени деривати“, рече Бислимоски.






