Ивановска е поддржана од иницијативите Шанса за Центар, Зелените за Гази Баба и граѓанската иницијатива 398.
„Одлучив да се кандидирам за градоначалник на општина Центар и да ја продолжам мојата борба за правичност и транспарентност онаму каде што живеам… каде што го дишам истиот воздух со моите сограѓани, бидејќи воздухот е загаден не само со ПМ честички, туку многу повеќе со лоши политики и корупција“, напиша Ивановска на својот фејсбук-профил.
За утре е закажана и конференција за медиумите на Ивановска.






