четврток, 29 мај 2025

Билатерални средби на Муртезани на маргините на ЕУСАИР-форумот во контекст на претседателството на Македонија со регионалната иницијатива

На маргините на Форумот на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), на кој од денес започнува претседателството на Македонија со оваа европско-регионална иницијатива, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани оствари билатерални средби со министерот за кохезија и регионален развој на Словенија, Александер Јевшек и со Жил Кител, раководител на одделот за Инструментот за претпристапна помош и проширување при Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата со словенечкиот министер Јевшек, се разговараше за тековната подготовка на претседателството на Македонија со ЕУСАИР и за поддршката во рамки на новиот проект „Фасилити поинт“(Facility Point). Посебно внимание беше посветено на размената на искуства во областа на европската територијална соработка и управувањето со Интеррег- програмите, како дел од пошироките подготовки за идно користење на кохезиските и структурните фондови на ЕУ.

На средбата со Жил Кител, беа разгледани сите аспекти поврзани со претстојното претседателство на Македонија со ЕУСАИР, текот на подготовките, координацијата со засегнатите страни и поддршката од Европската комисија. Дополнително, беа отворени прашања поврзани со користењето на достапните финансиски и човечки ресурси, како и потребата од натамошно планирање за ефективна реализација на приоритетите во рамки на претседателството.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ