вторник, 24 февруари 2026

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4.910 прекршоци

Системот „Безбеден град“ за една недела (од 16 до 22 февруари), на подрачјата на градовите и главните коридори каде се поставени камерите, регистрирал вкупно 4.910 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

Преовладуваат пречекорувањата на најголемата дозволена брзина на движење – дури 4.691 возач биле снимени како возат пребрзо. Дополнително, кај 203 случаи станува збор за возење со неважечка сообраќајна дозвола.

Намален е бројот на прекршоци за минување на црвено светло. Изминатата седмица се регистрирани само 16 вакви прекршоци, што претставува намалување од 51,5 отсто во споредба со претходната седмица, кога биле евидентирани 33 случаи. Овој пад е уште повпечатлив ако се земе предвид првата седмица од месецот, кога системот забележа дури 163 минувања на затворен сигнал.

МВР соопшти дека за една недела биле изречени вкупно 117 мерки „забрана за управување со возило“. И кај оваа мерка се забележува тренд на опаѓање – од 20,9% во однос на седмицата претходно. Во првата седмица од месецот, пак, биле изречени 288 вакви забрани.

Од вкупниот број (117) изречени мерки, 16 се за минување на црвено светло, а 101 мерка е изречена за брзо возење.

Во рамките на санкциите за пребрзо возење, 75 забрани се однесуваат на возење со брзина поголема од 80 км/ч во населено место, 19 забрани за брзина поголема од 10 км/ч (согласно специфичните законски категории), додека седум возачи се санкционирани за екстремно брзо возење од над 170 км/ч во ненаселено место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ