петок, 13 март 2026

Без струја делови од неколку скопски општини

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од неколку населби во градот Скопје и од околните населени места.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 8 до 14 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Долно Лисиче (Општина Аеродром), од 8.30 до 14.30 часот, корисниците од ул. 4 и ул. 10 во Сарај, а од 8.30 до 16 часот, корисниците на области од Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава (Општина Студеничани).

Во периодот од 9 до 12 часот ќе останат бвез струја и корисниците од бул. „Борис Трајковски“ лоцирани од раскрсницата со патот кон Лисиче према Охис, ул. 1523, кон Драчево од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на Циле инжинеринг и Интеграф. (Општина Кисела Вода), во периодот од 9 до 13 часот, корисниците од ул. „Питу Гули“ лоцирани околу српската амбасада (Општина Центар), од 9 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул. „Пијанец“ (Општина Карпош ) и во периодот од 9 до 15 часот, корисниците на блокот згради лоцирани на потегот од бул. „Партизански Одреди„ бр. 17 кон ул. „Максим Горки“ (Општина Центар).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ