четврток, 25 декември 2025
Локални избори 2025

Бети Стаменкоска е единствената жена избрана за градоначалник во првиот круг

Само една жена беше избрана за градоначалничка во првиот круг на локалните избори 2025, а тоа е Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода. Покрај неа, уште три кандидатки се пласираа во вториот круг: Марија Нацева (ВМРО-ДПМНЕ) во Неготино, Наталија Димитриева (ВМРО-ДПМНЕ) во Демир Капија и Соња Стаменкова (СДСМ) во Македонска Каменица.

Објавено на

часот

Сподели

На овие избори се натпреваруваа вкупно 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени, што е 10.35 проценти од вкупниот број. Најмногу кандидатки односно три, имаше во Прилеп, додека по две се натпреваруваа во Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода, Неготино и Центар.

Во 16 општини и Градот Скопје имаше само по една жена кандидат.

Во голем дел од општините жените воопшто не беа присутни на гласачките ливчиња.

Од вкупно 44 избрани градоначалници во првиот круг, само една е жена, што претставува 2.2 проценти родова застапеност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ