„Паркирањето во општина Центар за време на велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 10 април – петок, 12 април – недела и 13 април – понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар. Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата – „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим – соопштија денеска од јавното претпријатие.
Согласно програмата за неработни денови за 2026 година, 11 април – сабота е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе работат со вообичаено работно време.
„Депото на пајак – службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 14 април – вторник со вообичаено работно време “, информираа од јавното претпријатие.
Тимот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ им посакува убави велигденски празници на сите.






