петок, 5 декември 2025

Бесплатни прегледи по повод месецот на машкото здравје во Геријатриската болница во Скопје

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември” – Скопје денеска со почеток во 10 часот ќе се вршат бесплатни уролошки прегледи, како и ехо прегледи на бубрези и простата. 

Објавено на

часот

Сподели

Целта е подигнување на свесноста за значењето на навремената грижа за машкото здравје.  Ова е одлична можност за навремена проверка, превенција и грижа за здравјето, информира болницата „13 Ноември” – Скопје.

Уролошки прегледи ќе врши Дарко Марковски, уролог од ГОБ „8-ми Септември“, а ехо на бубрези и простата  докторките Марика Филипова и Марија Сековска – специјалисти интернисти  во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ