понеделник, 15 декември 2025

Бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис во 10 градови

Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, денеска почнуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

Објавено на

часот

Сподели

По тој повод, од 10 до 13 часот ќе биде поставена мобилна единица на плоштад „Македонија“ во Скопје од каде што почнува бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб. Националната кампања ќе се реализира во 10 градови во државата.

Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

Како што соопшти Министерството за здравство, бесплатен скрининг денеска од 18 до 20:30 ќе се врши во Куманово. На 30 јули во Тетово (10–12:30) и во Гостивар (18–20:30), на 1 август во Струга (10–12:30) и во Охрид (18–20:30), на 4 август во Битола (10–12:30) и во Прилеп (18–20:30) и на 6 август во Штип (10–12:30) и во Гевгелија (18–20:30). 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ