недела, 15 март 2026

Беса: ДУИ да го исклучи од членство Беким Незири

Движење Беса реагира на соопштението на ДУИ за инцидентот во М-НАВ и на интегративците им порачува дека треба да го исклучат од членство својот функционер Беким Незири и да побараат да ја напушти државната Воздухопловна навигација

Објавено на

часот

Сподели

„ДУИ не треба само декларативно да го осудува нападот на М-НАВ туку итно да го исклучи Беким Незир и од партијата. Итно да побара разрешување од која било функција во М-НАВ!

ДУИ не треба да продолжи да игра дволична улога туку да дејствува. А не како досега: прво дистанцирај се од Рамиз Мерко, а после гушкај го на партиски настани, дистанцирај се од Беким Незири, а после работи да го спасиш од правдата,  дистанцирај се од Дрин Ахмети, а после награди го со Соравиа!

Не е потребно само декларатива дистанца, туку потребно е акција!“, се вели во реакцијата на Беса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ