петок, 12 декември 2025

Бернската конвенција оцени дека нема напредок во случајот со хидроцентралите во Маврово

Постојаниот Комитет на Бернската Конвенција кој заседава секоја година во декември во Стразбур, го разгледуваше случајот за Националниот парк Маврово и изградбата на хидроцентрали на неговата територија и заклучи дека нема виден напредок со спроведување на препораките, информираа денеска од Екосвест.

Објавено на

часот

Сподели

Од Екосвест појаснуваат дека случајот со отворање на хидроцентрали во Маврово бил отворен во 2014 година и оттогаш Бернската конвенција будно го следела напредокот на Македонија во однос на исполнување на дадените препораки за разрешување на овој случај.

„Оваа година беше заклучено дека, iзмените на Zаконот за води не се донесени, nов Закон за природа не е донесен, Маврово не е повторно прогласен за национален парк, сите концесии за хидроцентрали во Маврово не се откажани. Сите овие точки беа забележан и во Извештајот за напредокот на Македонија на Европската комисија за 2025 година“, велат од Екосвест.

Ана Чоловиќ Лешоска вели дека поради слабиот напредок, Комитетот ја изразил својата загриженост и усвоил одлука да спроведе теренска посета во Македонија во текот на 2026 година, со цел да помогне во откочување на процесите и постигнување на задоволителен напредок.

„Очигледно е дека и по 11 години од отворањето на случајот, нема доволен интерес за негово разрешување преку примена на сите дадени препораки. Од голема важност за успешно затворање на случајот е донесување на законот за води и нов закон за природа, прогласување на Маврово согласно меѓународните стандарди, донесување на национален акциски план за Балканскиот рис и обезбедување на државни финансии за заштитените подрачја. Како главна препорака останува забраната за изградба на хидроцентрали во заштитени подрачја која мора итно законски да се воспостави и практично да се спроведе.“ изјави Чоловиќ Лешоска која е подносителот на случајот во Бернската конвенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ