Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 е 71 денар за литар, а еуросупер БС – 98 ќе се продава 73 денари. Еуродизел БС (Д-Е V) и понатаму ќе чини 66,5 денари за литар, екстралесното масло за домаќинството (ЕЛ-1) 65,5 денари, а мазут М-1 НС 32,635 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 6,021 отсто, кај дизелот за 3,929, кај екстралесното масло за 3,168 и кај мазутот за 0,401 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6378 отсто.






