сабота, 20 декември 2025

Белгиски планинари нападнати од кучиња во Центар Жупа, спасени од полициски тим

Полициски тим од дебарското одделение за внатрешни работи синоќа интервенирал по повик на белгиски државјани – планинари, за помош и загрозена безбедност.

Објавено на

часот

Сподели

Во Одделението за внатрешни работи во Дебар повикот бил примен синоќа во 19:13 часот од страна на белгиски државјани кои планинареле во планински појас над Дебар, а потоа биле нападнати од кучиња.

„Констатирано е дека тие се наоѓаат во близина на селото Новак, општина Центар Жупа, по што полициски тим со теренско возило веднаш се упатил кон селото, каде заедно со ловочуварот од селото Новак ги пронашле тројцата планинари. Станува збор за белгиските државјани Л.М.(42), М.Л.К.(62) и Ј.Ј.(41), кои бие безбедно пренесени до нивното моторно возило“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Според него, тие појасниле дека откако поставиле камп шатор биле нападнати од овчарски кучиња, а бегајќи се качиле на столб за мобилна телефонија.

Лицата биле во добра здравствена состојба, без повреди.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ