„Ние веќе функционираме како Вреди и досегашните министри кои беа министри на Вреди, а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што најави Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг и за тоа допрва ќе се одлучува. Сѐ уште нема конкретно име“, рече Сулејмани одговарајќи на новинарски прашања.
На прашањето што очекува да се случува со ДУИ по изборите, рече дека тие како партија се со став дека во ДУИ се потребни промени, но не очекуваат дека нешто драстично ќе се промени во таа партија.
„Очекувани се такви изјави по овој пораз што им го нанесоа граѓаните на последните локални избори. Ние уште одамна имаме дадено изјава дека во ДУИ се потребни промени дека оваа политичка гарнитура нема реална визија како да се напредува во оваа држава и цело време имаат деклартивно влијаеа на целата политичка сцена. Се надеваме дека сериозно ја сфатија пораката на граѓаните и оти ќе има реформи таму, но очекуваме дека тие реформи ќе бидат ќе траат малку подолго со оглед на тоа дека ги знаеме како досега настапувале на политичката сцена и не сме многу оптимиси дека реално ќе има некакви промени во нивниот политички табор“, рече Сулејмани.
Тој претходно, сумирајќи ги резултатите за коалицијата на изборите, рече дека локалните избори ја запечатиле новата политичка реалност и оти коалицијата ВРЕДИизлегува од овој процес како втора политичка сила на државно ниво, со 10 освоени општини, и како апсолутен победник во албанскиот табор.
Сулејмани рече дека пораката на граѓаните е јасна и дека ерата на старите политики е завршена, граѓаните гласале за работа, за одговорност и за политика што дава резултати.
„Во Тетово победи интегритетот и визијата на Билал Касами, што го претвори градот во симбол на промени и одговорно управување. Во Боговиње, граѓаните му ја дадоа довербата на Фети Абази, архитектот кој со знаење и посветеност ќе ја ревитализира општината. Во Теарце, по 20 години непроменета власт, дојде долгоочекуваната промена и граѓаните му ја дадоа довербата на Даут Мемиши. Самиот овој факт е извонреден успех. Во Чаир на Изет Меџити, каде што ДУИ се обиде да ја претвори трката во ‘референдум за опстанок’, чаирчани јасно рекоа не! Општината не е отскочна даска за спасување на никого. Додека во Сарај, Арачиново, Желино, Дебар, Струга и Долнени, граѓаните ја запечатија промената, правејќи го Вреди силата што ги обединува општините под заедничка визија за развој и одговорност“, истакна Сулејмани.
Според него, по „23 години доминација на политика која беше отсечена од граѓанинот, Албанците избраа нов модел, политика на одговорност“.
„Вреди го чита овој резултат како почеток, почеток на нова етапа, каде што ќе се управува со европски стандарди и со целосно почитување на граѓанинот. Благодарност до сите граѓани кои учествуваа во овој демократски процес и до секој активист кој го бранеше гласот со достоинство. Вреди ќе продолжи да биде гаранција за политичка стабилност и правично застапување на Албанците во институциите“, рече Сулејмани на прес-конференција.
Беким Сали претходно беше министер за здравство. Од 2009 до 2010 година е шеф на кабинетот на министерот за здравство и претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.
Своето политичко искуство го почнал како претседател на огранокот на општина Чаир на движењето Беса. Од 2019 до 2020 година бил организациски секретар на партијата Алтернатива. Од 2020-2022 година бил генерален секретар на Алтернатива и кандидат за градоначалник на локалните избори 2021 за Општина Чаир.






