сабота, 10 јануари 2026

Бејта: В недела е моментот Гостивар да зборува со еден глас

Во своето последно обраќање до граѓаните на општина Гостивар пред изборите в недела, кандидатот за градоначалник од ВРЕДИ, Невзат Бејта, повика масовно да се излезе на гласање.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на овие недели од кампањата, ме пречекавте со топлина, почит и искреност каде и да се сретнавме. Во секое маало и во секое село, ми ги отворивте вратите од вашите домови и срцата, споделувајќи ги проблемите, грижите и неправдите со кои секојдневно се соочувате. Ви благодарам искрено за довербата и за зборот што ми го дадовте“, се обрати Бејта.
Тој наведе дека за жал, Гостивар бил запоставен и сериозно оштетен од раководство кое не ги слушало граѓаните и не работело во нивни интерес.

„Нашиот град е разурнат од лошо управување, недостаток на одговорност и политики кои го заборавија обичниот човек.
Оваа недела е моментот Гостивар да зборува со ЕДЕН ГЛАС. Ве повикувам масовно да излезете на гласање и да ја земете судбината на вашиот град во свои раце. Гостивар заслужува промени, работа и достоинство. Во недела, гласајте за број 1“, порача Невзат Бејта.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ