Во изјавата за МТВ Бејкер рече дека на овие проекти на терен секојдневно се повеќе од 2.000 работници, ангажирани е повеќе од 500 локални компании, а планирано е да е истури 600 илјади кубни метри бетон.

„Ваквите инфраструктурни проекти претставуваат големи предизвици. Ангажирани се многу луѓе, опрема, изведувачи, подизведувачи… сето тоа е голем предизвик. Но, заедно со Владата и со ЈПДП постигнуваме голем напредок. На делницата Готивар-Букојчани ја проверуваме земјата, во тек се градежни активности, работиме на кршење на сите карпи… Добро напредуваме. Следната година ќе бидеме подобри. Има добра енергија на терен. Секаде се работи. Ова е огромен проект. Ќе ископуваме околу 30 милиони кубни метри земја и карпи. Треба да истуриме 600 илајди кубни метри бетон. Досега ископавме пет милиони кубни метри земја и истуривме повеќе од 60.000 кубни метри бетон. Работите одат добро, но ова е само почетокот на патувањето. Целта е овие 112 километри на сите делници да ги завршиме до крајот на 2029 година. Ангажирани се 2.000 работници, од кои околу 45 отсто се од локалното наеление. Тоа е наша политика што е можно повеќе да ангажираме од локалното наеление…“, изјави Бејкер за МТВ.






