Портпаролот на Бехтел-Енка на барање на МИА во врска со отказите кои беа врачени на педесетина вработени, одговори:
„Горди сме на нашето наследство низ Централна и Источна Европа, испорачувајќи стотици километри големи автопатишта, давајќи приоритет на локалните работници и поддржувајќи ги локалните заедници и бизниси. Таа потврди дека проектот продолжува да постигнува добар напредок и дека остануваат посветени на партнерство со Владата за да се испорача автопатска инфраструктура што ја зајакнува поврзаноста, ја поддржува локалната вработеност и придонесува за економски раст. Од меѓународната компанија беа децидни и потврдија дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата. Тесно соработуваме со Владата за да ги усогласиме градежните активности со тековните национални приоритети. Ова вклучува усогласување на нивоата на работна сила во различни фази од проектот за да се задоволат оперативните потреби“, рекоа од компанијата.






