четврток, 15 јануари 2026
Обдукцијата ќе ги утврдува причините за смртта

Бебето престанало да дише, мајката ги викнала лекарите, но не успеале да го спасат

Бебето што почина во Кавадарци, во болницата било примено поради обилно повраќање по хранење, соопштија денеска од болницата, откако СВР Велес информираше за смртта на двомесечното бебе и дека неговото тело е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштение до јавноста, директорката Гордана Ѓорчева-Камчева изрази сочувство до родителите и појасни каква била здравствената состојба на бебето при неговата  хоспитализација.

„Доенче со иницијали У.М., на возраст од два месеца, беше примено на Одделот за педијатрија на 12.01.2026 година, поради обилно повраќање по хранење.
Во текот на деновите кога е тука, на нашиот оддел, детето е со уредни параметри и уредни лабораториски анализи, без повраќање“, информираше директорката.

По итен повик од мајката вчера, поради тоа што бебето престанало да дише, веднаш бил повикан дежурен педијатар, а во истиот момент и анестезиолог.

„Започната е реанимација со соодветна терапија која траела околу 35 минути, но, за жал, без успех. По констатирањето на смртта, согласно законските процедури, известени се надлежните служби – Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство. Земени се изјави од родителите и од дежурниот медицински персонал, по што телото на доенчето е предадено на обдукција, со цел утврдување на точната причина за смртта“, појасни директорката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ