сабота, 20 декември 2025

БДП со раст од 3,4 проценти во вториот квартал

Бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година е зголемен за 3,4 % во однос на истото тримесечје од 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Објавено на

часот

Сподели

Во второто тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: градежништво од 7,3 %, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6 % и рударство и вадење на камен; преработувачка индустрија; снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 3,9 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2025 година, номинално расте за 6,1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 68,5 %.

Во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 6,4 %, а увозот на стоки и на услуги исто така бележи зголемување во номинален износ од 7,3 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година е 3,2 %, се наведува во соопштението од ДЗС.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ