Станува збор за пратка со 2.167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, која по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.
Како што информираат од АХВ, забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип).
Според ова Решение, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.






