Имлек оаза бариста овес е создаден токму за ваква намена – лесно се пени, дава кремаста текстура и се вклопува со кафето без да го промени неговиот карактер. Затоа е погоден за подготовка на различни кафе-напитоци, како лате, капучино или макијато.

Во текот на денот, тие неколку минути пауза често значат повеќе отколку што мислиме. Момент кога накратко правиме пауза и вниманието се префрла на нешто едноставно – добро кафе. Токму тука се создава тој „бариста момент“, без разлика каде сте, со вкус и текстура што ги препознавате.
Во продолжение, еден едноставен предлог што лесно може да стане дел од секојдневието: кремасто лате – загрејте Имлек оаза бариста овес и запенете го додека добие мазна, кремаста структура, прелијте го врз свежо подготвено еспресо и по желба додадете малку цимет или ванила.
Едноставен начин да уживате во кафе со полн вкус и кремаста текстура.
Со Имлек оаза бариста овес, и во периодот на пости, кафето го задржува својот препознатлив вкус, без компромис во уживањето.
Комерцијален текст






