Во периодот од 4 до 18 септември, во неколку наврати осомничениот испраќал пораки со смртни закани на градоначалникот и на официјалната електронска пошта на општината, со што кај оштетениот и неговото семејство предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Бидејќи постојат законските основи – опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО Кавадарци.






