Земјите од Балканот се меѓу европските држави со највисоки стапки на пушење. Најголем број активни пушачи е регистриран во Бугарија и во Србија, каде што 39,5 отсто од возрасното население користи тутун. Следуваат Хрватска со 37 отсто, Грција со 32,8 проценти, Словачка со 32,4 проценти, Унгарија со 32,2 процента и Романија со 30 проценти, што е значително над европскиот просек.
Во Западна Европа стапките на пушење се пониски, но со значителни разлики меѓу земјите. Највисок процент е забележан во Франција, со 34,6 проценти, што е над европскиот просек и блиску до нивото на балканските држави.
Загрижувачки е трендот кај младите, особено во однос на електронските цигари и новите никотински производи. Повеќе од 100 милиони луѓе во светот користат електронски цигари, а во некои европски земји стапките кај адолесцентите од 13 до 15 години се повисоки отколку кај возрасните.






