Во Скопје, трговскиот центар Ист гејт мол l, најголемиот трговски центар во Македонија, постави нови стандарди за модерна малопродажба, станувајќи интегрирана дестинација за шопинг, забава и услуги. Ова присуство е надополнето со Ист гејт ливинг (East Gate Living), станбен комплекс што го одразува долгорочниот пристап на Балфин кон создавање одржливи и мултифункционални урбани простори.
Во малопродажниот сектор, Балфин работи во Македонија преку етаблирани мрежи како Нептун, уште од 1988 година, како и преку интернационални брендови како Флајинг тајгер Копенхаген (Flying Tiger Copenhagen) и наскоро Киаби (KIABI), позиционирајќи ја групацијата како стратешки партнер за глобалните брендови кои го таргетираат македонскиот пазар. Во 2025 година беше отворена и Тефал шоп (Tefal Shop), моно-бренд продавница за мали апарати за домаќинство и производи за лична нега.
Во меѓувреме, Балфин груп најави дека во јуни во Ист гејт мол ќе се отвори Хипер Актив (Hyper Active), со што ќе се воведе новитет во индустријата за забава во Македонија.

Какви се вашите предвидувања за малопродажниот сектор во Македонија и регионот во 2026 година?
-Во 2026 година очекуваме да продолжи трендот на раст забележан во 2025 година -стабилен и одржлив пораст, без драстични структурни промени во потрошувачката. Во Македонија, модерната малопродажба се консолидира, поттикната од структурни инвестиции како Ист гејт мол, кои ги подигнаа очекувањата на потрошувачите за квалитетот, искуството и услугата. Во регионот, очекуваме стабилна година, при што конкуренцијата ќе се фокусира повеќе на оперативна ефикасност и стандарди.
Регионалната динамика останува слична – релативно мали пазари, со ценовно чувствителни потрошувачи кои сè повеќе бараат повисоки стандарди, квалитет и подобро искуство во продавниците. Доколку нема надворешни шокови (енергија, синџири на снабдување, геополитички поместувања), 2026 се очекува да биде стабилна година, во која бизнисите ќе се натпреваруваат првенствено преку оперативна ефикасност, услуга и добро структурирана понуда.
Од наша перспектива како групација, пазарот го гледаме со доверба, бидејќи модерната малопродажба во регионот се консолидира и го подобрува квалитетот. Балфин има широко регионално присуство со над 270 продавници кои опслужуваат повеќе од 80.000 клиенти дневно, што ја одразува тежината и одржливоста на овој сектор во земјите каде што работиме.
Кои категории во малопродажбата се очекува најбрзо да растат, а кои ќе бидат најчувствителни на промени во потрошувачката?
-На балканските пазари, но и пошироко, цената останува клучен фактор во одлуките на потрошувачите, но улогата на квалитетот и шопинг искуството станува сè поважна. Во тој контекст, во 2026 година најбрз раст се очекува првенствено кај одредени непрехранбени категории, каде што потрошувачите јасно го препознаваат соодносот на вредност наспроти потрошените пари, а иновациите директно ја стимулираат побарувачката.
Посебно, електрониката и апаратите за домаќинство се очекува да имаат добри перформанси, особено во средина со стабилизирани цени, поконкурентни понуди, побрзи циклуси на технолошко обновување, нови модели и поголема енергетска ефикасност. Дополнително, ИТ-категоријата се очекува да расте поради глобалниот тренд на брза дигитализација.
Друга категорија со потенцијал за раст е пристапната облека (мода), каде што комбинацијата од квалитет, контролирани цени и широка понуда брзо ја зголемува фреквенцијата и обемот на купување. Проширувањето на Киаби во Македонија и регионот одговара на побарувачката за квалитетна облека по прифатливи цени.
Во меѓувреме, прехранбениот сектор е поcтабилен и помалку изложен на силни флуктуации во потрошувачката. Процесот на формализација и постепениот премин кон големи и структурирани мрежи го прават пазарот не само постабилен, туку и подобро контролиран, особено во однос на квалитетот, хигиената и довербата на потрошувачите.
Низ сите категории, заеднички предизвик за малопродажниот сектор останува нелојалната конкуренција и неформалната економија, кои директно влијаат врз маржите, инвестициите и можноста сериозните оператори да се натпреваруваат под еднакви услови.
Како се менува профилот на потрошувачот и кои се главните промени во куповното однесување? Дали има поголема ориентација кон премиум брендови или ценовната чувствителност сè уште доминира?
Денешните потрошувачи се значително поинформирани и поподготвени во споредба од пред неколку години. Тие бараат транспарентност во цените, гаранции, постпродажна услуга и поорганизирано шопинг искуство, и во физичките продавници и онлајн. Одлуките за купување се попромислени и помалку импулсивни, особено кај хедонистичките, неесенцијални категории.
Суштински, гледаме две коегзистирачки реалности. Од една страна, постои релативно стабилен сегмент на потрошувачи ориентирани кон премиум производи, каде што фокусот е на квалитет, бренд и ексклузивност. Од друга страна, постои многу поголем сегмент кој останува ценовно чувствителен, но не нужно ориентиран кон најевтиниот производ. Овие потрошувачи сè повеќе го бараат оптималниот сооднос помеѓу цената и квалитетот.
Позитивен развој е тоа што многу интернационални брендови и нови концепти сега се присутни на македонскиот пазар. Ова се случува преку влез на нови брендови како Киаби или Флајинг тајгер Копенхаген, како и преку мрежи како Нептун, која континуирано ги носи најновите брендови и технолошки производи. Денес, Ист гејт мол е пример за тоа, со многу интернационални брендови и разновиден избор по квалитет и цена. Ова ја зголеми конкуренцијата, направи позитивен притисок врз цените во одредени категории и пред сè – го подигна стандардот на понудата за потрошувачите.
Кои се приоритетите на Балфин за проширување на мрежата и воведување нови брендови на пазарот во периодот 2025-2026?
-Во периодот 2025-2026, нашиот главен фокус е одржливо и скалабилно проширување во регионот и пошироко. Поединечните регионални пазари се релативно мали, па економиите од обем се клучни за обезбедување ефикасност во снабдување, логистика, маркетинг, технологија и, на крај, за заштита на маржите и конкурентноста. Ова значи дека ќе им дадеме приоритет на брендови и концепти кои можат истовремено да градат поголем обем во повеќе земји и да ги оправдаат инвестициите во високи оперативни стандарди.
Во пракса, ова се однесува на две главни насоки. Прво, консолидација и квалитативен раст на постојните мрежи: зголемување на продуктивноста на продавниците, стандардизација на услугите, обука, подобро управување со залихите и инвестиции во дигитализација за подобрување на перформансите и искуството на клиентите. Второ, партнерства со интернационални брендови кои носат јасна вредност за потрошувачите и имаат регионален потенцијал. Конкретни примери се првото влегување во регионот на францускиот бренд Киаби и данската компанија Флајинг тајгер Копенхаген. Овие познати интернационални брендови носат новитети на регионалниот пазар, а истовремено ја потврдуваат експанзијата и консолидацијата на малопродажната мрежа на Балфин како најсигурен партнер за интернационалните компании.
Како влијае растот на онлајн–купувањето врз вашата стратегија за физичка продажба?
-Онлајн-продажбата расте и се очекува да продолжи да расте и во наредните години, иако темпото во Албанија и на Балканот останува поумерено во споредба со Западна Европа. Во регионот се вложуваат сериозни напори за изградба на „маркетплејс“, платформи способни да обработуваат голем обем трансакции и да создадат подобри стандарди за услуга и логистика.
Сепак, нашата реалност денес е на повеќе канали. Клиентите природно се движат меѓу онлајн и физичките продавници и очекуваат искуството да биде исто – едноставно и беспрекорно. Физичката продавница останува центар на искуството, пробата, советувањето, услугата и довербата, додека сè повеќе има и функционална улога во исполнување на нарачките: подигање, враќање, замена и „кликни и избери“(„click & collect“). Ова нè поттикнува паралелно да инвестираме и во искуството во продавниците и во технологијата (интегрирани залихи, CRM, плаќања, аналитика и корисничка поддршка) за да бидеме подготвени за двата формати.
Како ја оценувате рамнотежата помеѓу растот на понудата на трговски центри и побарувачката од малопродажните оператори? Дали постои ризик од презаситеност?
-Во моментов, Балфин груп е присутна во Македонија и во Албанија со три трговски центри и еден ритејл-парк, а планираме и понатамошна експанзија.
Во Македонија, ги евалуираме и сме блиску до финализирање на отворање на пет ритејл-паркови во различни градови. Во Албанија се планираат уште два ритејл- парка.
Во целина, не гледаме класичен ризик од презаситеност, сè додека новите развои се добро осмислени во однос на локација, концепт и микс на закупци. Интернационалните брендови, при влез на нов пазар, речиси секогаш бараат физичко присуство на стратешки локации: тие сакаат да изградат доверба, да понудат искуство и да бидат дел од дестинации со голема раздвиженост.
Нашето искуство покажува дека потрошувачите во регионот ги гледаат трговските центри како социјални дестинации, не само за купување, туку и за забава, гастрономија и време поминато со семејството. Според групните извештаи, само во 2024 година, трговските центри имале над 28 милиони годишни посетители, нудејќи широк спектар услуги на регионално ниво.
Какви трендови очекувате кај кириите и оперативните трошоци во малопродажбата во 2026 година?
-Во 2026 година очекуваме продолжен нагорен притисок врз оперативните трошоци како што се кириите, платите, услугите, енергијата, одржувањето и логистиката. Кириите, особено на премиум локации, имаат тенденција на раст бидејќи побарувачката за квалитетен простор останува висока, а договорите често се индексирани/деноминирани во евра.
За малопродажните оператори, главниот предизвик ќе биде заштитата на маржите. Во средина со растечки трошоци, профитабилноста се одржува само преку продуктивност, добро управување со залихите, оптимизација на персоналот и технологијата.
Во овој контекст, иако зголемувањето на платите е дел од растечките оперативни трошоци, тоа е позитивно за општеството и за растот на куповната моќ. Сепак, клучно е ова да оди паралелно со формализација и фер конкуренција (фактурирање, правилни царински процедури, пријавување на вработените, спречување на фалсификувани производи). Само така се создава здрав пазар каде што сериозните инвестиции се наградени.
Кои се главните стандарди што ги барате од еден трговски центар за да ги позиционирате брендовите на вашата групација?
-За нас, соодветен трговски центар не е само „изнајмен простор“. Тој мора да функционира како дестинација – место каде што луѓето одат намерно, а не случајно. Затоа, пред да ги позиционираме нашите брендови, оценуваме неколку јасни критериуми:
Локација и достапност: лесен пристап, добра патна поврзаност, транспорт, доволно паркинг-простор и погодност за семејства.
Посетеност и профил на клиенти: не само обемот, туку и квалитетот и усогласеноста со таргетите на брендовите.
Микс на закупци: избалансирана комбинација од силни интернационални брендови и комплементарни концепти (мода, електроника, храна, забава) кои создаваат екосистем што ја зголемува посетеноста, времето на задржување и конверзијата на купување.
Квалитет на управување: оперативни стандарди, безбедност, чистота, активен маркетинг, настани и транспарентност во известувањето, одржувајќи го центарот „жив“ во текот на целата година.
Современа, функционална инфраструктура: простори за забава и храна кои навистина привлекуваат посетители, јасна сигнализација и услуги што овозможуваат едноставно и квалитетно искуство.
Примери за вакви „дестинациски“ трговски центри се Ист гејт мол во Македонија, како и TEG и QTU во Тирана, кои покажуваат дека кога овие елементи се комбинираат, и малопродажните оператори и потрошувачите имаат корист.
Во кои регионални пазари гледате реален потенцијал за понатамошна експанзија?
Во моментов сме присутни во 11 земји во Америка и Европа. Во регионот, работиме во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Во иднина, пазари како Србија и Хрватска имаат реален потенцијал поради нивната големина, поразвиената малопродажна структура и можностите за скалабилност. Хрватска, како членка на ЕУ, бара уште повисоки стандарди, но овој предизвик го гледаме како можност, особено за концепти со силни оперативни модели и диференцирана понуда.
Во исто време, гледаме потенцијал и во нови пазари каде што можеме да воведеме свежи елементи, секогаш врз основа на темелна анализа на партнерите, локациите и куповната моќ. Во текот на 2026 година ќе бидеме присутни во Молдавија и планираме проширување во Централна Азија.
(Комерцијален текст)






