понеделник, 9 февруари 2026
Локални избори 2025

Aзири: Зошто го немаше Османи во Чаир кога беше министер?

Бујар Османи, кандидатот на опозицијата за Општина Чаир, нема реален интерес за граѓаните и затоа фокусот му е за прашањата кои се надлежност на централната власт, изјави денеска Сабри Азири, портпарол на Локалниот штаб на коалицијата Вреди во Чаир.

Објавено на

часот

Сподели

„Кандидатот на опозицијата за Општина Чаир, Бујар Османи не го интересираат жителите на Чаир, нив ги доживува како алатка за остварување на личните цели. Тој ниту ги знае точните надлежности на општината, ниту може да ги препознае вистинските потреби на граѓаните. Затоа најмногу сака да зборува за теми од надлежност на централната власт“, рече Азири.

Како пример, тој го наведе начинот на кој Османи зборува за албанското обединување во 90-те години и за политичките активности во 90-те и во 2001 година, како да бил директно вклучен, иако во 1991 година имал само 11 години, а во 2001 само 21 година.

„Опседнатоста на Османи да си дава некакви историски улоги ги загрижува и неговите најблиски соработници кои сѐ повеќе се сомневаат во исправноста на неговите проценки. Вакво потценување на интелигенцијата на Албанците не е видено во поновата политичка историја “, додаде портпаролот Азири.

Тој предупреди дека нема да биде изненадување ако Османи тврди дека бил дел од претседателскиот кабинет на Ибрахим Руговa во Косово.

„Затоа, ваквите интересџии како Бујар, ќе бидат збришани на локалните избори. Конечно, нека одговори Бујар Османи колку дена вкупно поминал со граѓаните во Чаир за време на неговите мандати во владите на Груевски и СДСМ за да има образ сега да ја бара нивната доверба“, зaклучи Азири.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ