понеделник, 15 декември 2025

Азир Алиу: Евтин театар на ДУИ

Tие седат по ќошиња, се кријат зад тастатури и шират лаги за да ги покријат сите зулуми и срамови што им ги оставија на граѓаните, особено во здравството, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу во реакција на соопштението на ДУИ за невработувањето на 155 здравствени работници во тетовската болница.

Објавено на

часот

Сподели

„Ги слушнавте измислиците дека 155 лица од Тетово нема да се вработат. Срамота е, дури и за нивниот стандард на лаги. Тоа е евтин театар за евтини политички поени врз плеќите на луѓе што со години живеат во несигурност.
Затоа порачувам: 155 луѓе од Клиничката болница во Тетово ќе добијат договори на неопределено време. Точка. Постапката е завршена. Ставивме крај на оваа агонија што тие ја создадоа и ја хранеа со години.
Овој проблем траеше со години и зошто? Затоа што ДУИ беше со децении на власт и никогаш не се потруди да го реши.
Дури и кога Арбен Таравари беше една година министер, ништо не направи. Само седеше и гледаше како овие луѓе се понижуваат со привремени договори и живеат во несигурност.
Денес, кога ние конечно донесовме решение, тие повторно покажаа дека знаат само да лажат, да манипулираат и да подметнуваат преку своите луѓе кои сè уште шетаат по институциите
А Таравари денес молчи пред јавноста, а зад сцена шепоти како портпарол на ДУИ. Избра да биде маша на партијата што го уценуваше сега го користи како пиун. Ова не е само пад, ова е капитулација, и граѓаните тоа го гледаат, го чувствуваат и ќе го запомнат.
Ние нема да застанеме. Ќе продолжиме да работиме, да решаваме и да градиме. Резултатите се нашиот одговор на нивните лаги“, изјави Алиу.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ