сабота, 12 јули 2025

Азески: Кредитот од ОК е поттик за политичко средување на состојбите, а и за економската активност во Македонија

Гаранцијата што Македонија ја добива од Обединето Кралство за кредитирање, значи многу за општата стабилност на државата и за регионот, бидејќи Обединетото Кралство се значаен фактор во светот и на политички и на економски план. И ваква една земја да гаранатира за одредени средства за нашата држава значи дека застанува зад нас и тоа е значаен поттик за политичко средување на состојбите, а и за економската активност. На економски план, секоја инвестициона активност за нас е добредојдена бидејќи без нејзе не може да се остварат двете начела на бизнисот, а тоа се компаните да остварат профит, а граѓаните да го зголемат животниот стандард, вели претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески во ставот искажан за инвестициската клима.

Објавено на

часот

Сподели

Азески става акцент и на капацитетот на државата да ги искористи парите понудени согласно гаранцијата, но и за капацитетот на домашните компании да се вклучат во инвестициските активности. Посочува дека Стопанската комора во овој период е целосно насочена кон тоа да им помогне на компаниите да ги оспособи непречено да се вклучат во таа работа и дека за секој нов проблем со кој фирмите ќе се соочуваат комората ќе се вклучува во изнаоѓање решение.

„На пример за заедничкиот настап на компаниите за учество на меѓународните тендери градиме конзорциуми и иницираме формирање конзорциуми. Кај образованието за потребите на бизнисот работиме на формирање на кадар онаков како што бараат компаниите. Работиме и на поддршка на компаниите за заеднички настап на трети пазари, заедички производи, на извозната активност.

Железницата е рак рана на македонската инфраструктура а ние се наоѓаме на коридор кој има транзитна позиција и е значаен за поврзување на Централна Европа и Медитеранот со Блискиот Исток. Само ние уште имаме повисока цена на траспорт со камионски превоз од железнички“, вели  Бранко Азески.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ