На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Од ЈСП потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови.
Автобусите во Скопје денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
ЈСП Скопје информира дека денеска поради верскиот празник Богојавление – Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Објавено на
часот





