среда, 25 март 2026

АВМУ реагира на непристојниот однос на новинарот Адеми кон министерката за образование

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагираше по повод „непристојниот однос на новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска“, истакнувајќи ја потребата новинарите строго да ги почитуваат професионалните стандарди и етичките принципи при извршување на својата работа.

Објавено на

часот

Сподели

Од Агенцијата посочуваат дека комуникацијата меѓу медиумските работници и носителите на јавни функции мора да биде коректна, достоинствена и заснована на заемна почит, со висок степен на професионализам и одговорност.

„Критичкото известување и поставувањето прашања се суштински дел од новинарската професија, но тие треба да бидат формулирани и презентирани на начин кој не навредува, не дискредитира и не создава непотребни тензии“, нагласуваат од АВМУ.

Станува збор за забелешка од новинарот при изјава за медиуми на министерката во Тетово, кога тој ѝ рече дека треба да носи преведувач во Тетово. Таа категорично го одби тоа и инсистираше дека македонскиот е службен јазик.

Со реакција денеска излезе и Советот на честа на ЗНМ, оценувајќи дека начинот на комуникација и тонот на обраќање на новинарот не соодветствуваат со принципите на достоинствен и професионален јавен дискурс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ