„Ваквата одлука испраќа негативна порака во однос на слободата на изразување и медиумските слободи. Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана. Сите релевантни чинители треба активно да придонесат кон обезбедување услови за непречено остварување на слободата на изразување и информирање, како и за заштита на новинарите и медиумските слободи“, се наведува во соопштението на АВМУ.
Новинарката од Тетово, дигиталната креаторка – Лиридона Вејсели Тафили е осудена од Основниот суд Гостивар да исплати парична казна во вредност од 700 евра (43.000 денари), зашто во свој новинарски прилог на социјалната мрежа Тик-ток, изнела лични податоци на судија од Основен суд Тетово, кој донел пресуда во случај за кој таа известувала.






