сабота, 4 април 2026

АВМУ: Партиите да не етикетираат новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со објавата на политичката партија СДСМ поврзана со уредувачката политика на интернет порталот Инфомакс, потсетува дека јавната комуникација треба да биде конструктивна и професионална.

Објавено на

часот

Сподели

„Политичките партии треба да се воздржат од етикетирање и дискредитирање на новинарите и медиумите, бидејќи таквите практики ја поткопуваат довербата во јавниот дискурс и можат негативно да влијаат врз слободата на медиумите и демократските процеси“, се наведува во соопштението од АВМУ.

Од таму посочуваат дека медиумите и новинарите имаат обврска да известуваат професионално, објективно и непристрасно, придржувајќи се кон новинарските стандарди и етичките принципи, со цел обезбедување точни и навремени информации од јавен интерес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ