„Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно најдоцна до 24:00 часот на 27 октомври 2025 година“, се наведува во денешното соопштение на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Од АВМУ посочуваат дека резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на денот на изборите не смеат да се објавуваат пред затворањето на избирачките места.






