четврток, 29 јануари 2026

АВМУ го објави извештајот за политичко рекламирање за повторените локални избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) до Државната изборна комисија (ДИК) го достави Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на изборната кампања за повторените избори за градоначалник на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, во периодот од 22 декември 2025 година до 9 јануари 2026 година. Податоците во Извештајот се добиени преку мониторинг на емитуваното платеното политичко рекламирање кај радиодифузерите и дополнително се проверени низ постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги на радиодифузерите.

Објавено на

часот

Сподели

Од 18 радиодифузери (13 ТВ и 5 радија) регистрирани во Регистарот на Државната изборна комисија за емитување ППР за Повторните локални избори 2026, вкупно девет радиодифузери – седум телевизии и две радија, склучија договори со учесниците во кампањата за емитување ППР.

На сите седум телевизии заедно беа емитувани вкупно 20 часа 1 минута и 45 секунди платено политичко рекламирање, а на двете радија заедно беа емитувани вкупно 4 часа 18 минути и 29 секунди ППР. Вкупно на сите радија и телевизии беа емитувани 24 часа 20 минути и 14 секунди платено политичко рекламирање.

Најголем обем рекламно време емитуваа локалните телевизии ТВ Г-ТВ (6 часа 49 минути и 21 секунда) и ТВ Дуе (5 часа 57 минути и 42 секунди). Од двете локални радија кои склучија договори за емитување ППР, Радио Комета 2000 (Радио ЏИ) емитуваше 2 часа 24 минути и 24 секунди, додека Радио 7, 1 час 54 минути и 5 секунди ППР.

На сите радиодифузери заедно, најмногу време закупи Коалицијата Национална алијанса за интеграција – НАИ (16 часа 44 минути и 18 секунди), а потоа Коалицијата ВЛЕН (7 часа 9 минути и 36 секунди). Коалицијата предводена од СДСМ закупи простор само на ТВ Канал 5 (26 минути и 20 секунди).

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Демократската партија на Турците во Македонија и независниот кандидат Зуљхајрат Демири одлучија во оваа изборна кампања воопшто да не закупат простор за емитување на ППР на програмите на радиодифузерите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ