Фокусот на разговорите беше ставен на потребата од обезбедување фер конкуренција и справување со појавата на нелиценцирани канали за продажба на осигурување. Асоцијацијата укажа на практиката каде одредени субјекти, вршат дистрибуција на осигурителни продукти без соодветна лиценца. Дополнително, беше отворено прашањето за заобиколување на законските рамки преку промоторски и маркетинг договори, кои во пракса функционираат како посредна продажба.
„Брокерските друштва се единствениот професионален и лиценциран канал кој работи исклучиво во интерес на клиентот. Нашата мисија е да обезбедиме максимална заштита за осигурениците, а тоа е можно само доколку сите учесници на пазарот функционираат под исти, строго дефинирани правила,“ беше истакнато на состанокот.
Во рамки на дискусијата за финансиското работење, се разговараше за можностите за фактурирање и моделот на функционирање на брокерските друштва, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и ефикасност.
Насоките за развој на македонскиот осигурителен пазар остануваат цврсто врзани за европските практики. Заклучокот од средбата е дека заедничката соработка со институциите е клучна за градење на доверба кај граѓаните и создавање пазар кој се темели на професионализам, знаење и транспарентност.
Флекс брокер останува посветен на конструктивниот дијалог со институциите, верувајќи дека само преку професионализам и јасна регулатива може да се изгради современ и сигурен осигурителен пазар.






