петок, 9 мај 2025

Асмир Јахоски останува во притвор, дадените гаранции од 2 милиони евра не беа доволни за куќен

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот се одбива како неоснован. Се работи за Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко петрол, кој е осомничен за набавка и продажба на сомнителен мазут што претставувал сериозна закана за здравјето на граѓаните и животната средина.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштенито, Судот, ценејќи ги сите околности поврзани со истрагата, и покрај даденото позитивно мислење на јавниот обвинител, смета  дека во овој момент сѐ уште постојат околностите за постоење на определената мерка притвор од точка 2 од чл. 165 ст.1 од ЗКП, односно околности кои укажуваат дека лицето може да ја попречи истрагата со влијание на сведоците како и дека може да сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело, од причина што истражната постапка сеуште е во тек и се уште се преземаат други истражни дејствија за прибирање докази.

„Ова дотолку повеќе што Кривичниот совет го продолжил притворот на осомничениот по доставен предлог на ОЈО ГОКК од 8 април токму поради постоење на причините предвидени во чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП“, се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Понудената гаранција беше имот вреден околу еден милион евра и исто толку пари на банкарски сметки.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 3 дена од приемот на истото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ