четврток, 22 мај 2025

Артибјун: Македонската „Страда бруталисима“ меѓу највпечатливите проекти на Венециското биенале

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони од вкупно 66 земји учеснички, според реномираниот портал „Артибјун“ (Artribune), објави на Фејсбук-страницата министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Објавено на

часот

Сподели

„Проектот Strada Brutalissima, под кураторство на доц. д-р Благоја Бајковски од Архитектонскиот факултет при УКИМ, отвора важен дијалог за архитектонското наследство, солидарноста и визијата за хумано општество“, напиша Љутков на Фејсбук.

Овој павилјон, додава министерот во објавата, не е само приказна за бетон и форми – тој е патување низ времето, меморијата и колективната надеж.

„Горди сме на сите вклучени во реализацијата на овој значаен проект кој достојно ја претставува Македонија на светската културна мапа!“, додаде Љутков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ