понеделник, 23 февруари 2026

Артан Груби спроведен пред судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд

По повеќечасовен распит во Јавното обвинителство, поранешниот вицепремиер и министерс за односи меѓу заедниците, Артан Груби, вечерва е спроведен во Основниот кривичен суд Скопје, каде што треба да биде изведен пред судија на претходна постапка. МВР рано утрово на граничниот премин Блаце го уапси Груби, кој заедно со поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од осум милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Груби избега од Македонија во декември 2024 година, непосредно пред да почне полициската акција против него.

Објавено на

часот

Сподели

Артан Груби, пред повеќе од една година избега од државата затоа што заедно со поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, е осомничен за криминал од осум милиони евра за нарачка на ВЛТ-апарати.

Груби се бараше со меѓународна потерница, а му беше определен 30-дневен притвор во отсуство.
Истрагата за Државна лотарија, како што соопшти поранешниот државен јавен обвинител, е завршена и се чекаше екстрадицијата на Груби.
Според Обвинителството, предметот за Државна лотарија опфаќа одлуки и договори за кои постои сомнеж дека ѝ нанеле значителна финансиска штета на институцијата, проценета на над осум милиони евра, со намера да прибават противправна имотна корист за друг.
Ова беше причина за кавга помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија изјавија дека апсењето на Груби е гума за спасување за премиерот Христијан Мицкоски, а од владеачката партија пак дека СДСМ се фрустрирани од тоа, што знае Груби за нивните криминали. За коалицијата Вреди пак, клучно прашање е дали Груби ќе му го зададе фаталниот удар на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Демократската унија за интеграција пак, чиј член е Груби, позитивно ја оценија одлуката тој да се врати во земјата.

„Очекуваме процесот да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото – со високо ниво на транспарентност во интерес на јавноста, но пред сè со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи. ДУИ останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политички влијанија. Само правична и професионална постапка ѝ служи на вистината, на институциите и на довербата на граѓаните“, велат од ДУИ.

МВР рано утрово на граничниот премин Блаце го уапси Груби, кој заедно со поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од осум милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Груби избега од Македонија во декември 2024 година, непосредно пред да почне полициската акција против него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ