„Градот Скопје нема никаква надлежност за постапување на овие канали и коритото на реката. Градот Скопје во неколку наврати досега апелираше до надлежните во општината за потребата од чистење на каналите и коритото, но апелите за жал не наидоа на резултат од страна на одговорните. За дезинформациите ќе бараме и правна одговорност. Во овој момент екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје, ЈП Водовод и Канализација и останатите претпријатија на градот Скопје се на терен и активно помагаат во спречување на дополнителни штети и санирање на веќе настанатите“, велат од Град Скопје.
Арсовска откако се излеа Маркова Река вели дека не била надлежна за чистење на речните корита
Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски надлежноста за одржување на одводните канали и коритото на реката Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина и просторно планирање, велат од кај градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска откако вчера се излеа Маркова Река и предизвика поплави.

Објавено на
часот