среда, 16 јули 2025

Арсовска ќе однесе докази во Обвинителството, вели дека не се плаши од Ганиу и Меџити

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска денеска во 15 часот во Јавото обвинителство ќе достави релевантни докази за дивоградбите во Општина Чаир, соопштија од нејзиниот кабинет.

 

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството денеска ја повика Арсовска да достави податоци и докази на кои конкретни парцели во Чаир има дивоградби, за да можат да постапуваат. Од Град Скопје, пак, велат дека доказите досега ги објавувале во соопштенија за јавоста.

„За обезбедување фалсификати како доказ за постапка за што мора да постапува Јавното обвинителство по службена должност и да спречи компромитирање на доказен материјал, од Град Скопје се пуштени над 15 соопштенија за целата јавност. Сите наводи се јавно објавени, за кои Обвинителството е добро запознаено видно од нивните изјави за медиуми. Иако досега за милион постапки постапувале и по анонимни пријави и по допрен глас затоа што тоа им е обврска и должност, бидејќи по 10 дена повикување за постапување од целата јавност, морало името на градоначалничката да го имаат и формално за дополнително да ја малтретираат институционално наместо сторителите на кривичните дела и да ја стават во дополнителна опасност, таа бидејќи не се плаши од Висар Ганиу и од Изет Меџити, денес ќе достави документација до Јавното обвинителство во надеж дека конечно ќе се постапи со цел обезбедување на доказите кои се обидуваат да ги уништат“, се вели во соопштението од кабинетот на Арсовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ