„Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници“, пишува Арсовска на фејсбук.
Таа го повика новиот градоначалник на дебата, на телевизија по негов избор, за да ги соочат аргументите.
„Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење“, вели Арсовска.
Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Ѝ посакуваме да се надмине себеси и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и ѝ посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес“, порача ВМРО-ДПМНЕ.
Видовме дека подобро и поинакво Скопје може да функционира, се додава вo соопштението. „Сите надлежни институции мора да се посветат на цунамито кое го остави Данела Арсовска“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






