Во согласност со побарувањата, ангажирани се над 150 припадници на Армијата во следните општини: Ѓорче Петров – ангажирани над 60 лица; Крива Паланка – ангажирани околу 30 лица; село Николиќ, Дојран – ангажирани над 50 лица.

Дополнително во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари, ангажиран е еден тим од Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана за собирање на податоци за утврдување на квалитетот на воздухот од запалениот отпад во овој реон.


Армијата останува подготвена за натамошна поддршка и интервенција каде што е потребно, во координација со надлежните институции, соопшти Генералштабот на АРМ.






