вторник, 15 јули 2025

АРМ ќе спроведува тактичко-технички активности во Охрид, на плажата Бафало бич

Припадници на Армијата на Република Македонија од денеска до 11 јуни, во периодот од 10 до 16 часот ќе реализираат тактичко-технички активности на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, соопшти СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Припадниците на баталјонот за специјални сили, како што е наведено, во водите на Охридското Езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.

„Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување, што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор -Охридско Езеро (Езерска полиција)“, информира СВР Охрид.

Апелираат до граѓаните, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ