Во пресрет на седницата на комисијата, заменик претседателката Дафина Стојаноска потсети дека на 26 јануари се одржа јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите за член на Судскиот совет што го избира Собранието.
„Покрај претседателот и членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на јавната расправа присуствуваа и поставуваа прашања до кандидатите и претставниците од здружението на судиите, адвокатската комора, граѓански организации кои работаат во областа на правосудството, владеењето на правото и чпвековите права, претставници од медиумите и академската заедница. Со секој од кандидатите се водеше структуирана расправа и се водеше сметка за еднаков и фер однос кон сите кандидати“, истакна Стојаноска.
Арбер Исаку во својата кариера работел во приватниот сектор но и во државни институции, односно во Владата, Собранието и во Министерството за животна средина и просторно планирање каде ја вршел функцијата шеф на кабинет, додека пак професорот Сејфула Османи во својата кариера работел како судија во Основниот Суд во Гостивар, но и како адвокат и универзитетски професор.






