Тужбата, како што информира Кабинетот на вицепремиерот Фетаи, се однесува на лагите и клеветите што Ковачки ги ширел на социјалните мрежи, монтирајќи изјави кои вицепремиерот Арбен Фетаи никогаш не ги кажал.
„Целта е да се оцрни угледот на вицепремиерот и еден од лидерите на Вреди, да се дезориентираат и излажат граѓаните и да се создаде лажен впечаток, заснован на лаги, монтажа и измислици. Оваа тужба е јасна порака дека ќе ја браниме вистината до крај, со сите правни средства. Ќе ги заштитиме граѓаните од дезинформации и нема да дозволиме клеветите, лагите и измамите да се претворат во политичко оружје“, се наведува во соопштението.






