Со избор, односно унапредување на судијката Елизабета Настов од Основниот граѓански суд Скопје, Судскиот совет продолжи да го пополнува и граѓанскиот оддел во Апелациониот суд Скопје.
Во овој суд со години фалат судии во сите оддели. Неодамна двајца од кривичниот оддел и една граѓанска судијка, беа избрани за судии во Врховниот суд со што уште толку настана криза за судии во Апелациониот суд Скопје.
Следна за судија во граѓанскиот оддел беше избрана Софија Миленкова од Граѓанскиот суд Скопје. Мирослав Георгиевски, кој во меѓувреме беше избран за претседател на Основниот суд Кратово, не ја доби поддршката, како и судијата Илир Исени од Основен суд Дебар, кој е заменик-директор на Академијата за судии.
Следна за во Апелација беше избрана граѓанската судијка Цветанка Силјановска-Костадиновска.Освен во кривичниот оддел, Апелацискиот суд Скопје денеска доби и уште три нови судии во граѓанскиот оддел. Избрани беа судијките Елизабета Настов, Софија Миленкова и Цветанка Силјановска-Костадиновска сите од Основниот граѓански суд Скопје.
Претходно денеска Судскиот совет за претседател на Врховниот суд го избра Африм Фидани.